Хрватите ги сложија „коцките“: Катарскиот отпор не издржа пред налетот на „каубоите“

Борбата за прво место во групата Ц, донесе втора победа за Хрватска. Овојпат против Катар избраниците на Червар пренесуваат три бодови откако го совладаа азијскиот претставник со 26-24.

На крилата на одличниот голман Марин Шего, избраниците на Червар ја конторлираа играта на терен и водеа во текот на целиот натпревар. Катар имаше свои периоди, но успеа само да ја одржи неизвесноста во овој дуел во кој на крајот се радуваа хрватските ракометари.

Хрватска од самиот почеток ја презема контролата над резултатот и бргу создаде предност од два гола. Разлика ја одржуваше во првите 20 минути кога по две грешки во нападот, прво Мартиновиќ па потоа Дувњак им овозможија на Катарците да го изедначат резултатот. Но Марин Шего не дозволи да биде изненаден од пенал линијата, а Мамиќ во следниот напад ја врати предноста на Хрватска и изнуди исклучување. Во овој последен дел од првото полувреме Шего блескаше и му одбрани два удари од седум метри на Мемеди, па затоа Хрватска се уште ја држеше предноста од почетокот на дуелот. На пет минути до крај на првиот дел, Марзо ја врати неизвесноста и го израмни резултатот на 10-10. А одличниот Шего им овозможи на Хрватите преку Мамиќ и Мартиновиќ да ја вратат предноста од два гола, 13-11. Резултат со кој двете екипи заминаа на полувреме.

ФОТО: Jozo Cabraja / kolektiff

По паузата Хрватска ја достигна највисоката предност од три голови, но Катарците не дозволија каубоите предвреме да се радуваат и бргу се доближија на гол предност.Сепак не успеаа да го изедначат резултатот. Хрватите во 40. минута имаа шанса преку удар од пенал линијата да го зголемат водството на „плус четири“ но Шариќ го прочита обидот на Чупиќ, а на спротивната страна Катар го намали резултатот на негатива од два гола. Ниту Хорват не успеа да искористи чиста шанса за гол втрчувајќи на пивотменската позиција, па казната значеше само гол предност за коцкестите на средина на второто полувреме.

Коцкестите бргу поставија контролата над играта и повторно заминаа на „плус три“, а Катарците ја вратија неизвесност десет минути до крајот.  Но по тајм-аутот на Червар Хрватска замина на три голови предност и во рутинирана завршница успеа да запише важни бодови за втората фаза од Мундијалот. По шеесет минути Хрватска се радуваше на победа од 26-24.

 

19 јануари 2021
26 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 јануари 2021 18:36 ГРУПА Ц 2020/2021 19.01.2021 60'

Место

Спортска сала „Борг Ал Араб“ Александрија

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ХРВАТСКА1326Победа
КАТАР1124Пораз

ХРВАТСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Марино Мариќпивот05
5Домагој Дувњакцентрален бек11
12Иван Пешиќголман00
13Златко Хорватдесно крило03
15Јанко КевиќСреден бек00
17Јосип Шарацлев бек00
26Мануел Штрлеклево крило06
27Иван Чупиќдесно крило02
28Жељко Мусапивот11
30Марко Мамиќлев бек15
31Лука Шебетиќдесен бек00
34Илија Брозовиќпивот00
39Давид Мандиќлево крило00
45Халил Јагањацлев бек00
51Иван Мартиновиќдесен бек13
55Марин Шегоголман00
 Вкупно 426

КАТАР

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Мустафа Алкраддесен бек10
4Хасан Мабрукпивот00
7Ахмад Мададилево крило04
10Франкис Марцодесен бек07
12Даниел Шариќголман00
13Мохамед Абидиголман00
19Марван Сасидесно крило00
20Јово Дамјановиќпивот00
23Алаедин Берахеддесно крило13
37Јасине Самипивот01
41Јусеф Алипивот04
44Амине Гуехисдесен бек00
66Омар Абделфатахдесно крило00
81Амор Џијаблево крило00
86Махмуд Хасабалацентрален бек01
94Амен Закардесен бек04
 Вкупно 224

Officials

Судии:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ

ГРУПА Ц

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
15033006
2532014
3-131022
4-5430030

Како ќе изгледа табелата во групата II од главната фаза

ГРУПА II

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
131550010
21153026
3-1151133
4-1351133
5-1951042