Двете прволигашки екипи, Јуниор КВ и Куманово одиграа интересен натпревар во рамките од елиминациското коло во Купот на Македонија, а победа обезбеди екипата на Јуниор КВ која триумфираше со 32:29.
Ракометарите на Куманово иако во текот на првото полувреме беа во водство, сепак домашната екипа предводена од искусните, Илиевски и Печенковски успеа да го преземе водството во вториот дел од првите 30. минути. По нерешените 10:10, Јуниор КВ со серија од три гола се одлепи на 13:10 и не дозволи камбек на противникот. На пауза, резултатот беше три гола предност за избраниците на Игор Котевски, 17:14.
Во второто полувреме, Јуниор КВ со петиот гол на Илиевски зголеми на највисоки плус четири разлика, 18:14. Куманово на моменти успеваше да намали на три негатива, но расположените домаќини секогаш ја враќаа солидната предност од плус четири.
Во 42. минута, ракометарот на Куманово, Цветковски беше прецизен од контра за преполување на негативата од само два разлика, 20:22. Составот на Куманово на петнаесетина минути пред самиот крај дојде и до минус еден негатива, 21:22. Следуваше период каде и двете екипи погодуваа, а во последните десет минути, Јуниор КВ го искористи своето искуство и успеа да се пласира во следната фаза од Купот на Македонија.
Победничката екипа беше предводена од Горан Печенковски со десет гола. Најефикасен во екипата на Куманово беше Виктор Петковски со осум гола, по пет постигнаа Мартин Димовски и Андреј Миладиновски.
Куп на Македонија, елиминациско коло:
*прочитајте го извештајот од секој натпревар со клик на резултатот
Охрид – Преспа 38-21
Металург – Јехона 44-22
Голден Арт – Партизан Гевгелија 41-19
Пролет – Кичево 51-21
Јуниор КВ – Куманово 32-29
Скопје – Текстилец 35-19
Работнички – Драчево 25-30
Македонија Ѓорче Петров – Струга 26-37
Еурофарм Пелистер 2 – Металург РА 38-18
Астраион – Прилеп 25-37
Борец – Тиквеш 26-35
Бутел Скопје – Вардар Неготино 35-25
Шампион – Еурофарм Пелистер 13-40
Аеродром – Младост Богданци 29-24
Алкалоид – Радовиш 39-27