Хорват повика една замена за Циндриќ и Дувњак, Карачиќ е на готовс

Селекторот на хрватската репрезентација Хрвоје Хорват, повика нов играч во националниот тим пред стартот на ЕП.

Средниот бек на Висла Плоцк, Тин Лучин, е новото име во составот, и ќе треба да го надомести отсуството од тренинзите на Циндриќ и Дувњак, кои се позитивни на коронавирус.

Засега Хорват не го повикува Игор Карачиќ, кој е на списокот на резервни играчи и чека подгтовен да се приклучи ако има потреба.

Во ростерот на Хрватска пред два дена имаше уште една измена, па наместо десниот бек Лука Шебетиќ, повикан беше Шиме Ивиќ.

Хрватска ќе игра во групата Ц во Сегедин заедно со селекциите на Франција, Србија и Украина.