Холандската убавица заминува од ЧСМ Букурешт!

Според многумина најубавата ракометарка во светот, Тес Вестер, на крајот од оваа сезона заминува од романскиот шампион ЧСМ Букурешт.

Холандската голманка го најави неодамна ваквиот расплет на настаните, а сега го потврди во изјава за „Noordhollands Dagblad“.

„Во последно време сфатив дека сакам да се вратам поблиску до татковината, но секако дека ќе продолжам да го давам максимумот на натпреварите на ЧСМ Букурешт“, изјави Вестер.

Голманката во татковината играше за Амстердам и Емен, во Германија беше дел од Битигхајм и Олденбург, додека пред да дојде во Романија бранеше за данскиот Оденсе.