Холабрун на македонски погодон до голем триумф

Тимот на Холабрун, каде што играат македонските интернационалци Никола Костески и Влатко Митков, славеше победа во 10 коло од Втората лига на Австрија.

Холабрун беше убедлив на гостински терен кај Ват Фунфхаус со 24-32, а голем дел од заслугите за триумфот одат кај Македонците.

Костески погоди четири пати од четири обиди, додека искусниот Митков имаше исто толку гола од шест удари.

Десното крило имаше и една украдена топка и едно исклучување, додека Митков подели една асистенција.