Хеландер го напушта Рајн Некар, се враќа во Шведска

Репрезентативецот на Финска и актуелен член на Рајн Некар, Бенџамин Хеландер, кој во клубот од Манхајм пристигна како замена за Џери Толбринг, по завршувањето на оваа сезона ќе си замине од бундеслигашот.

Левото крило од Финска по двегодишната авантура во Бундеслигата ќе ја промени средината и ќе се врати во амбициозниот тим од Шведска, тимот на Алингсас.

Информацијата за неговиот камбек во Алингсас беше објавена на официјалната страна на шведскиот суперлигаш.

Хеландер минатата сезона токму од екипата на Алингсас направи трансфер од соништата и заигра за еден од најдобрите европски клубови.

Репрезентативецот на Финска за екипата на Рајн Некар настапи на 44 натпревари постигнувајќи 108 гола.

За три сезони во Алингсос, Хеландер одигра 108 натпревари и постигна 366 голови. Во својата карира настапуваше и за шампионот на Финска, БК-46.