ХАОС на Мундијалот – исчезнаа четири ракометарки од Камерун!

Хаотично попладне имаше организаторот на Светското првенство во текот на вчерашниот ден во Шпанија.

По откажувањето на Кина од настапот на Мундијалот, уште еден случај беше во центарот на вниманието.

Четири ракометарки од репрезентацијата на Камерун исчезнале од хотелот во Валенсија, пишува „Марка“.

Тие не беа во комбинација за дуелот од Президент Купот со Ангола, останале во хотелот и оттогаш им се губи секаква трага.

Станува збор за Аполина Михел Екобен, Јасмина Јотхум, Амелија Кеваниа Мвуа и Жодела Кларис Маџуфанг.

ИХФ се уште се нема огласено по овој случај, ниту пак федерацијата на Камерун. Едно од можните сценарија е тие да избегале во потрага по подобар живот во Европа.