Хановер не се откажува од тренерот, Барса ќе мора да плати пола милион евра

Екипата на Хановер би можела да остане без тренерот Антонио Карлос Ортега со оглед на тоа што Барселона веќе објавидека тој ќе биде наследникот на Чави Пасквал, но се чини дека целата ситуација нема да оди така лесно.

Според последните информации во Хановер се незадоволни од објавувањето на вакви информации и веќе се зборува дека тие нема да дозволат тренерот да замине „преку ноќ“.

„Нема договор со Барселона за трансфер ниту некаков контакт. Дури ниту новиот спортски директор О’Калахан, кој е поранешен соиграч на Ортега нема контактирано со нас“, вели спортскиот директор на Хановер, Свен-Сорен Кристоферсен.

Од друга страна веќе е објавена информација дека Хановер ќе бара обесштетување за да го ослободи Ортега од обврските. Веќе е позната и сумата и изнесува 500.000 евра.

Ортега е под договор со тимот на Хановер до летото во 2023 година.