Хановер на Кузмановски со засилување во стручниот штаб

Екипата на Хановер во која настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Кузмановски, по промената на главниот тренер пред почетокот на оваа сезона, денес има нов член во стручниот штаб.

Хановер за помошен тренер реши да го ангажира поранешниот репрезентативец на Исланд, Хајдмар Феликсон.

Исланѓанецот во екипата на Хановер доаѓа на местото на Икер Ромеро. Тој заедно со главниот тренер, Кристијан Прокоп ќе се обидат да направат подобри резултати во Бундес лигата во споредба со ланската сезона.

Феликсон долго време работеше со младинските екипи на Хановер кои се натпреваруваа во понизок ранг на натпреварување, но исто така го носеше и неговиот дрес во својата кариера, во периодот од 2004 до 2009 година. За репрезентацијата на Исланд има одиграно 55 меѓународни натпревари.