Фуксе Берлин му посака добредојде – Дејан Периќ стана „лисица“ (ФОТО)

Бундеслигашот Фуксе Берлин го промовираше новиот тренер на голманите, Дејан Периќ. Тој беше ослободен од обврските во Вардар пред истекот на договорот и продолжува да работи во Германија.

Таму повторно ќе биде заедно со неговиот пулен Дејан Милосављев, кој сигурно ја има одиграно клучната улога во доаѓањето на Периќ во Берлин.

Како ракометар освои титули во Лигата на шампионите со Целје и Барселона, а како тренер со Вардар. Беше селектор и на машката српска репрезентација.

Периќ во Фуксе Берлин доаѓа на местото на Петр Штол, а покрај со Милосављев ќе работи и со Фредерик Генц, како и младите голмани Иван Ереш и Ласе Лудвиг.