Францускиот Безансон ја промовираше Леонида Гичевска

Францускиот тим Безансон го потврди трансферот што го најави 24Ракомет на македонската репрезентативка Леонида Гичевска.

По настапите за Ле Пузен и Ле Самбр Авенуа, Гичевска се враќа во францускиот шампионат, а со новиот тим ќе игра и во Лигата на Европа.

„Пресреќна сум што доаѓам во Безансон. Станува збор за клуб со прекрасна и богата историја. Безансон секогаш има големи амбиции и ќе ми биде чест да играм за овој тим и ќе дадам се од себе за да победуваме на што повеќе натпревари“, изјави Гичевска.

Безансон веќе обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Франција, а има големи шанси и за пласман во четвртфиналето на Лигата на Европа.

Трансфер од соништата – Гичевска се сели во четирикратен француски шампион!