Франција ја однесе Данска на ОИ, а Данска ја однесе Франција на СП

Со вчерашните полуфинални средби на СП и победите на Франција и Данска, се поделија наградните билети за следните СП и ОИ од финалето, без разлика на неговиот исход.

Со пласманот во финалето, Франција која е домаќин на следните ОИ во 2024 година, и овозможи на Данска без разлика на исходот, директен пласман во Париз на најголемиот спортски настан.

Од друга страна пак, Данска која е еден од домаќините на следното СП во 2025 година заедно со Хрватска и Норвешка, и овозможи на Франција без разлика на исходот од финалето, директен пласман на Мундијалот.

Големото финале во Стокхолм се игра в недела од 21:00 часот.