Франција рутински до убедлив триумф против Холандија

Репрезентацијата на Франија одигра квалитетен натпревар во првото коло од групата 1 во главанта фаза на Европското првенство и славеше сигурна победа против слекцијата на Холандија со 34:24.

Французите беа на потребното ниво и најдоа решение за брзите Холанѓани. После одличниот старт и водството од 5:0 избраниците на Жил одржуваа сигурна преднсот. Сепак Холандија успеа да се врати во игра и да израмни во 24. минута со головите на Јансен и Смит.

После првите 30 минути игра Франција имаше предност од три гола, 15:12 иако во текот на првото полувреме имаше највисоки пет гола. Во продолжението брзо го вратија нависокото водство и рутински го одржуваа. После десет минути игра во вториот дел беше 21:16.

Холандија се обиде да игра со играч повеќе во поле и без голман во обид да ја намали негативата, но направија неколку грешки во нападите кои Франција ги казни на празен гол и во 45. минута поведе со 26:18. Веќе беше решен победникот а до крај на дуелот искусните Французи рутински го приведоа натпреварот до победа.

Со овој триумф Франција ја продолжи победничката серија, сега има четири бода и е на добар пат кон полуфиналето. Најефикасен во составот на Франција беше Емерик Мин со осум гола, а пет постигна Николас Турна. Во тимот на Холандија, Кај Смитс и Дани Баијенс со по четири гола беа најефиаксни.

20 јануари 2022
34 - 24
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
20 јануари 2022 20:28 EURO22 1GRUPA 2021/2022 20.01.2022 60'

Место

МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА АРЕНА БУДИМПЕШТА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ФРАНЦИЈА1534Победа
ХОЛАНДИЈА1224Пораз

ФРАНЦИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Јанис Ленедесно крило00
4Ајмерик Минцентрален бек08
7Ромеин Лагардцентрален бек02
9Мелвин Ричардсондесен бек03
10Дика Мемдесен бек02
11Николас Турнапивот15
12Винсен Жерардголман00
13Никола Карабатиќцентрален бек03
14Кентин Маецентрален бек13
23Лудовик Фабрегаспивот11
24Весли Пардинголман00
25Уго Дескалево крило03
28Валентин Портдесен бек12
29Беноа Конкудесно крило00
31Дилан Нахилево крило02
39Тибо Бриелев бек20
 Вкупно 634

ХОЛАНДИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Барт Равенсбергенголман01
3Ивар Стравастцентрален бек02
4Ларс Коијпивот00
5Рутгер тен Велделево крило13
9Флоран Буржецентрален бек00
12Лук Стеинсцентрален бек01
13Самир Бенганемпивот12
14Боби Шагендесно крило01
17Иво Стеинспивот00
22Јаспер Адамслев бек20
27Алек Смитдесно крило02
31Кај Смитсдесен бек04
32Томи Фалкелево крило01
34Том Јансендесен бек03
77Дани Бајенсцентрален бек04
80Гери Ејлерсголман00
 Вкупно 424

Officials

Судии:
Роберт Шулце -Германија
Тобиас Тониес -Германија

ЕП 2022, ГРУПА 1 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФРАНЦИЈА550010
2ГЕРМАНИЈА52125
3УНГАРИЈА52034
4ИСЛАНД52034
5АВСТРИЈА51224
6ХРВАТСКА51133