Франција и даде 44 гола на Шпанија, Данска лесно се справи со Полска

Ракометарите на Франција одиграа одличен контролен натпревар против репрезентацијата на Шпанија која ја совладаа убедливо со 44:33. Французите имаа целосна доминација на овој дуел и уште на полувреме имаа убедливо водство од 24:15.

И во второто полувреме Франција продолжи максимално ефикасно да го полни голот на Шпанците кои беа немоќни да избегат убедлив пораз. Истите ривали ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во сабота.

Репрезентацијата на Данска оствари лесна победа против Полска од 30:20 во пријателски натпревар кој беше проштален за Ласе Сван Хансен. После првиот дел Данците имаа само водство 13:11, но во продолжение стигнаа до убедлив триумф.

Ова беше добра можност селекторот на Данска, Николај Јакобсен да им даде шанса на сите ракометари за настап и често ги ротираше своите играчи. Веќе во сабота Данска ќе одигра уште еден контролен меч против европскиот шампион Шведска.