ФОТО НА ДЕНОТ: Тројцата македонски лавови…

По двата разочарувачки настапи против Шведска и Египет, Македонија конечно стигна до победа над Чиле на Мундијалот што гарантира место во главната рунда и уште три средби со Словенија, Русија и Белорусија.

Ниту на овој дуел не беше лесно, имаше грешки и во одбраната и во нападот, но конечно видовме барем желба за победа, жар и борба…

Тројцата македонски пивотмени – Столе Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски имаа одлични изданија и заслужено по мечот беа во прегратка.

Да се надеваме и дека по следните три меча ќе гледаме вакви фотографии полно со искрени емоции…