Форумот на ракометни клубови бара од ЕХФ – максимум три држави да имаат по два тима во ЛШ!

Форумот на ракометни клубови се обратил до Европската ракометна федерација со специфично барање во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите.

Барањето на ФРК до ЕХФ е во групната фаза од елитното натпреварување да има по две екипи од максимум три држави.

Во таков случај Германија веќе има два сигурни – Кил и Фленсбург, а на добар пат се Франција и Унгарија да имаат по два тима – ПСЖ има сигурно место и Нант со вајлд карта, како и Веспрем со сигурно место, а ПИК Сегед со вајлд карта.

Ова значи дека екипите како Еурофарм Пелистер, Висла Плоцк, Спортинг Лисабон тешко ќе добијат место во елитата. За останатите четири вајлд карти би се бореле тимовите на Мешков Брест, Елверум, Мотор Запорожје, Динамо Букурешт, Целје, а мали шанси имаат Алингсас, Кадетен Шафхаузен и Бешикташ.

Сепак останува можноста и ЕХФ да не го прифати барањето од Форумот на ракометни клубови, па второпласираните држави со високи места на рејтингот да добијат уште по еден тим во елитата.

Изглед на ЛШ за сезоната 2020/2021:

ПСЖ
Кил
Вардар
Веспрем
Барселона
Келце
Алборг
Загреб
Порто
Фленсбург
————-

ПИК Сегед
Нант
Алингсас/Елверум
Мешков Брест/Мотор Запорожје/Бешикташ
Спортинг Лисабон/Висла Плоцк/Еурофарм Пелистер
Динамо Букурешт/Кадетен Шафхаузен/Целје