Фленсбург без „златниот“ Сван против Вардар

Репрезентативецот на Данска, Ласе Сван околу две недели ќе биде надвор од ракометните терени. За време на финалниот натпревар против Шведска на Светското првенство во Египет, Ласе Сван се здоби со повреда и го пропушти поголемиот дел од натпреварот.

По 10 минути игра, Сван се пожали на болка во левата нога, а лекарскиот тим утврди дека нема да може да настапи во продолжение.

Ракометарот на Фленсбург нема да игра на дуелот од Лигата на шампионите против белорускиот шампион Брест Мешков, а веројатно ќе го пропушти и двобојот со Вардар што треба да се игра на 11 февруари.

Десното крило беше херој на својата репрезентација откако со гол од пенал по продолженијата против Египет ја однесе својата репрезентација во полуфиналето на Светското првенство кое заврши минатиот викенд.