Финалистите од Рио, финалисти и во Токио, до мечот за злато стигнаа со идентичен резултат

Репрезентациите на Данска и на Франција стигнаа до финалето на Олимписките игри во Токио и в сабота од 14 часот ќе имаат одмерување на силите за златниот медал. Тие и пред пет години играа заедно во финалето во Рио де Жанеиро, а тогаш Данска победи со 28:26.

Франција добива шанса за реванш за поразот пред пет години кога беше спречен обидот за хет-трик, па сега триколорите ќе можат да вратат за тој пораз и да ја остават Данска без одбрана на круната. Сепак, според играта која Данска ја демонстрираше досега дефинитивно е во предност.

Овие две репрезентации ги имаа првите две места во групната фаза. Франција заврши пред конкуренцијата во Групата А, додека Данска беше највисоко пласирана во Групата Б, па може да се заклучи дека двете селекции кои прикажаа најмногу во групниот дел од натпреварувањето.

Инаку, за одбележување е уште еден момент. И двете полуфинални средби денеска финишираа со идентичен резултат. И Франција и Данска потоа во вториот дуел се изборија за победа од 27:23 со што на идентичен начин стигнаа до пласман во финалето.

Франција ги реши „фараоните“, четвртипат во серија ќе игра финале на Олимписките игри

Данска ќе ја брани титулата в сабота, со убедлива игра до голема победа против Шпанија