Филип Талески останува верен на Вардар!

Левиот бек на Вардар, Филип Талески, кој го постигна победничкиот гол за „црвено-црните“ во финалето од Ф4 турнирот во Купот, реши да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Македонија.

Талески во својот договор имаше опција „плус една”, па таа опција сега ќе се активира и Вардар ќе може да смета на неговите услуги и во наредната сезона.

Репрезентативецот на Македонија игра во одлична форма и во најголем дел на натпреварите претставува важна алка во составот на вардарци.

Го донесе Купот во Скопје во неделата, а има и огромна заслуга што Вардар (ќе) ја одбрани и домашната титула.

Екипата на Вардар за следната сезона се засили со средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, левиот бек Жилберто Дуарте и кружниот напаѓач, Павел Андреев. Договорите со двократниот европски шампион ги продолжија Борко Ристовски, Тимур Дибиров, Марко Мишевски и Куни Моралес, а активни договори имаат Јан Чувара, Мартин Томовски, Дарко Ѓукиќ, Гоце Георгиевски, како и капитенот Стојанче Стоилов.