Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус! (ФОТО)

По враќањето во Германија од репрезентативната акција, потврдено е дека Филип Миркуловски е позитивен на коронавирус.

Тој немал контакт со другите ракометари на Вецлар и ќе биде во изолација следните две недели, а останатиот дел од тимот ќе продолжи да тренира и да игра натпревари.

„Филип Муркуловски е позитивен на коронавирус и ќе биде надвор од тимот во следните две недели. По враќањето од репрезентацијата тој немаше контакт со ниту едно лице од Вецлар, што значи дека нема потреба за грижа за нови заразени членови“, напишаа од Вецлар.

Покрај Миркуловски, во македонската репрезентација нема засега нови случаи, додека кај Данците двајца ракометари исто така имаа позитивни тестови.