Фарски Острови ја средија и Португалија, за полуфинале ќе се борат против Србија!

Денес на Светското младинско првенство во Грција и Германија се одигра последното коло од главната фаза, по што се познати сите патници во четвртфиналето.

За пласман меѓу најдобрите четири репрезентации ќе се борат Германија, Хрватска, Фарски Острови, Португалија, Унгарија, Данска, Исланд и Србија.

Репрезентацијата на Фарски Острови во последното коло од главната фаза убедливо ја совлада Португалија со 27:19 и уште еднаш покажа дека има квалитет и потенцијал за висок дострел на младинскиот Мундијал.

Фарски Остров во денешниот дуел беше предводена од новите потенцијални ѕвезди, левиот бек Бјарни Селвинди и десното крило Боги Хансен, кои постигнаа по осум погодоци во португалската мрежа.

Островската земја моментално има 100% учинок, во групната фаза славеше над Шпанија, Јапонија и Ангола, додека во главната фаза освен Португалија, во налетот на мотивираните ракометари на Фарски Острови настрада и Шпанија, која остана без настап во четвртфиналето.

Србија со победата над нашиот јужен сосед од 34:23 заврши како второпласирана во својата група и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум репрезентации.

Четвртфинални двојки

Германија – Данска

Фарски Острови – Србија

Унгарија – Хрватска

Исланд Португалија

Четвртфиналните дуели се закажани за 29 јуни, полуфиналните за 1 јули, додека дуелот за трето место, како и финалето за 2 јули.