Фарски Острови веќе не се сензација – ја победија Хрватска и завршија седми во светот!

Селекцијата на Фарски Острови го заврши Светското првенство за младинци на седмата позиција.

На списокот на победени фаворити сега е и селекцијата на Хрватска, која беше совладана со 31-27.

По првиот дел Фарски Острови водеа со 16-14, а во вториот дел ја задржаа и зголемија предноста до конечна победа.

Најдобар стрелец во победничката репрезентација беше Рои Елифсен а Скипаготу со пет гола, додека кај Хрватска се истакнаа Раужан и Шестак со по пет погодоци.

Во битката за петто место ќе играат Данска и Португалија, за третото место ќе се борат Србија и Исланд, додека за злато ќе се соочат Германија и Унгарија.