„Фармацевтите“ одржаа полесен тренинг – подготвени за борба со ГОГ Гудме (ФОТО)

После неколку месеци пауза во играњето на официјални натпревари екипата на Еурофарм Пелистер денеска го има првиот официјален натпревар.

Ракометарите на тимот од Битола гостуваат кај составот на ГОГ Гудме во Данска и ова ќе биде можност конечно на дело да бидат видени ракометарите со кои располага составот на Еурофарм Пелистер.

Денеска избраниците на Жељко Бабиќ одржаа полесен тренинг и се запознаа со салата каде што ќе се игра натпреварот.

ГОГ Гудме знае да биде незгоден ривал, но факт е и дека Еурофарм Пелистер има свои шанси и ќе може да се покаже во добро издание односно да оди на бодови на овој натпревар.

Натпреварот меѓу ГОГ и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.