„Фараоните“ потрошија 200 милиони евра за мундијалските сали!

Египет потроши многу пари во подготовките за Светското првенство во 2021 година, кое е второ во оваа држава по 1999 година, кога настапуваше и Македонија.

Ова во јануари следната година ќе биде прво во историјата со 32 репрезентации, а домаќинот инсистира дека тоа ќе се одигра со публика на трибините.

Домашните потрошија вкупно околу 200 милиони евра (196.881.876 евра), за реконструкција на сите четири сали во Каиро и Александрија во кои ќе се играат натпреварите.

Најголемата сала во Каиро може да прими 16.200 гледачи, каде што освен натпреварите од групите, ќе се игра и завршницата.

Досега се познати 30 од 32 учесници на Мундијалот, а за Македонија постои мала шанса да се најде во Египет ако биде откажан квалификацискиот турнир во Јужна Америка.