Уште една екс вардарка кај Хеле Томсен во Кастамону

Амбициозниот турски шампион Кастамону, откако ја донесе Хеле Томсен за тренер пред стартот на новата сезона, ангажираше уште едно засилување.

Станува збор за 31-годишното десно крило Екатерина Лубланаја, која последните две сезони ги бранеше боите на рускиот тим ЦСКА Москва и играше заедно со Сара Ристовска.

Таа ја започна кариерата во Луч Москва, две сезони играше за Вардар, а по заминувањето од Македонија играше во шведскиот Боден и белорускиот Минск.

Кастамону ќе игра оваа сезона во Лигата на Европа и има големи амбиции. Претходно ангажираше уште една поранешна членка на „црвено-црниот“ тим, Алена Ихнева.