Уште еден играч од Исланд позитивен на тест за корона

Поранешниот ракометар на екипата на Вецлар, Кари Кристјан Кристијансон е вториот од Исланд кој е позитивен на тестот за коронавирусот.

Кристијансон во моментов е играч на Вестманајер, а тој е веќе во карантин поради позитивениот тест.

Се работи за 35 годишен играч кој после игрите во Бундес лигата се врати во Исланд, а тој е вториот на островот кој е позитивен после еден од тренерите на Стјарнан.