Уште две недели одмор за Бутел Скопје, потоа почнува акцијата

Ракометарите на Бутел Скопје имаат уште две недели одмор пред почетокот на подготовките за новата сезона.

Екипата која во последните две години беше во првата четворка и обезбедуваше место во плеј-офот, сега ќе има тешка задача бидејќи во новата сезона многу екипи се засилија и сите ќе тргнат во силно темпо во обезбедување на што подобар пласман.

Ќе биде максимално возбудливо, а следната седмица ќе биде и познато како ќе изгледаат групите. Ова ќе биде веројатно и доволно за да може пред стартот на подготовките на 27 јули да се направи стратегија и ракометарите на Бутел Скопје подготвени да го дочекаат стартот на новата сезона.

Составот на Бутел Скопје го напуштија Димов, Шокоски, Николиќ и Трајковски. Меѓу играчите кои дојдоа се главно млади ракометари така што во новата сезона ќе се направи обид со подмладен состав да се повторат резултатите од последните две сезони.

Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а потоа екипата ќе тренира и во Маврово, пред да настапи на турнирот во Струга со Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга и Охрид.