Утре стартува Првата лига, ќе се игра цел ден

Со натпреварите кои треба да бидат одиграни во салата „Јанчица“ во Кичево и во салата „Борис Трајковски“ во Скопје утре стартува новата сезона од Првата машка лига, а есенскиот дел ќе трае четири викенди и практично ќе се игра само во октомври.

Овој викенд ќе има само едно коло, а во следните три ќе се игра и во сабота и во недела. Добро е познато како ќе се одвиваат натпреварите односно кој клуб  кога е домаќин.

Веќе се одредени термините за првото коло, а натпреварите ќе почнуваат на два часа и 15 минути за да нема контакт меѓу екипите кои завршуваат и другите кои после нив доаѓаат да се подготвуваат за натпреварите.

Во Кичево во Групата А сезоната ја отвораат тимовите на Аеродром и Драчево, кои својот дуел утре го играат од 12:15 часот, додека програмата завршува со натпреварот меѓу Кичево и Шампион од 19 часот.

Групата Б која ќе се игра во Скопје, пак, има нешто поинакви термини. Таму од 13:30 часот први на терен излагаат Македонија Ѓорче Петров и Делчево Вардар. Тука ќе има нешто поинакви термини со оглед на тоа што „Борис Трајковски“ нуди подобри услови. Оттаму натпреварите ќе почнуваат на два часа.

ПРВА МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (НЕДЕЛА, 4 ОКТОМВРИ)

ГРУПА А

12:15ч

АЕРОДРОМ – ДРАЧЕВО

14:30ч

БОРЕЦ – ЈЕХОНА

16:45ч

РИНИА М – ПРЕСПА

19:00ч

КИЧЕВО – ШАМПИОН

ГРУПА Б

13:30ч

МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕЛЧЕВО ВАРДАР

15:30ч

ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ

17:30ч

СКОПЈЕ 2020 – КУМАНОВО

19:30ч

МЕТАЛУРГ РА – ПАРТИЗАН