Утре ждрепка за групите за новата суперлигашка сезона – еве ги шеширите

Утре во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со почеток од 14:00 часот ќе биде извршена ждрепката на редните броеви за суперлигашката конкуренција, по што ќе биде познат и распоредот на натпревари во новата сезона.

Во регуларниот дел сите екипи ќе одиграат по 14 меча, а потоа најдобрите четири од двете групи одат во плеј-оф, додека оние од петто до осмо место ќе играат плеј-аут.

Суперлигашите ќе бидат распоредени со ждрепка во двете групи. Местата во шеширите пред ждрепката ќе бидат одредени според остварениот пласман во изминатата сезона, 2022/23.

Носители на групите ќе бидат шампионот Еурофарм Пелистер и вицепрвакот Алкалоид, така што овие две екипи нема да можат да се сретнат во регуларниот дел од сезоната.

Дебитанти во новата сезона ќе бидат екипите на Мулти Есенс и Аеродром. Двата клубови кои завршија на прво, односно второ место во Првата лига, изборија директен пласман во елитата.

Во новата сезона вкупно ќе има осум скопски екипи и осум екипи од внатрешноста на Македонија.

шешири пред ждрепка:

  1. Еурофарм Пелистер, Алкалоид
  2. Вардар, Тиквеш
  3. Бутел Скопје, Охрид
  4. Еурофарм Пелистер 2, Пролет
  5. Голден Арт, Струга
  6. Прилеп, Куманово
  7. Скопје, Вардар Неготино
  8. Мулти Есенс, Аеродром