Успешно опериран бекот на Еурофарм: Стјепановиќ ја почнува долгата рехабилитација

Десниот бек на Еурофарм Работник, Невен Стјепановиќ, беше успешно опериран откако ги скина лигаментите на коленотот на натпреварот од СЕХА лигата против Мешков Брест.

Стратегот на тимот Стевче Алушовски, ќе комбинира со искусниот Михаил Петровски и со Мартин Велковски на десната бековска позиција во отсуство на Стјепановиќ.

Босанецот ќе го започне долгиот процес на рехабилитација и за него оваа сезона е завршена. Дури и да се врати на терените на пролет, тешко дека ќе може да му помогне на тимот во плеј-офот од Суперлигата.