Успешна генералка за прилепчани, на свој терен ја совладаа Струга

Ракометарите на Прилеп имаа успешна последна контрола пред стартот на сезоната откако на домашен терен се изборија за победа против составот на Струга со 27:25.

И двете екипи добија по едно полувреме, но она што Прилеп го прикажа во првите 30 минути беше доволно за да може да се дојде до победа на крајот. После првите 30 минути резултатот беше 16:9 и овие седум гола се покажа како доволни.

Во вториот дел тимот на Струга постигна 16 гола, но Прилеп реализираше 11 пати, па на крајот победата беше за домашните.

Ова практично беше дуел на двете екипи кои се слободни во првото коло. Струга е слободна во едната, а Прилеп во другата група и за овие два состави сезоната практично стартува со 2. коло в понеделник.