УО на РФМ одлучи: Вардар ќе игра во ЛШ, Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел во Лигата на Европа

Четири од екипите кои и минаата сезона ја претставуваа Македонија во Европските купови и во новата ќе добијат можност да играат.

На седницата на Управниот одбор беше одлучено тимот на Вардар да игра во Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер ќе аплицира за вајлд-карта.

Инаку, во Лигата на Европа место ќе има за Еурофарм Пелистер, Металург и Бутел Скопје. Шанса за аплицирање ќе добијат и Пролет 62 и Охрид, но јасно е дека Македонија има четири места за новата сезона од кои едно е во Лигата на шампионите и три во Лигата на Европа.