SF1 - Hungary vs Iceland, 2023 IHF MEN’S JUNIOR (U21) WORLD CHAMPIONSHIP, Berlin, Germany, 01.07.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Унгарија е првиот финалист на СП

Репрезентацијата на Унгарија полесно од очекуваното го совлада Исланд во полуфиналето со 37:30 (19:14) и ќе игра за златото на Светското младинско првенство 2023.

Островската земја, која до денешниот полуфинален дуел имаше 100% учинок, ќе мора да се задоволи со најмалку четврто место на младинскиот Мундијал.

Исланд во текот на утрешниот ден ќе се бори за бронзата со поразениот од вториот полуфинален дуел, во кој ќе играат Германија и Србија.

Утре освен натпреварот за трето место, како и финалето, ќе се одиграат и дуелите за пласман од 5 до 8 место.