Украинците направија замена – капитенот отиде во аут

По поразот од Македонија во првото коло на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, селекцијата на Украина промени еден играч во ростерот за дуелот против домаќинот.

Селекторот Сергеј Бебешко, го замени капитенот Захар Денисов, кој игра на позицијата лево крило, со средниот бек Владислав Залевски. Не е познато дали се работи за тактичка промена или за повреда кај Денисов.

Натпреварот меѓу Автрија и Украина се игра вечерва со почеток во 18:15 часот, додека претходно програмата во „Штадхале Арена“ ќе ја отворат Македонија и Чешка од 16:00 часот.