ТOП 10 трансфери во Лигата на Европа, Секељ и Мораес на листата

Екипата на Магдебург е минатогодишниот осојувач на трофејот во Лигата на Европа кој сезонава ќе се обидe да го одбрани. Но има доста екипи кои целат кон освојување на овој трофеј како што се Нант, Висла Плоцк, Фуксе Берлин и Бенфика.

За да успеат во оваа цел клубовите во текот на летната пауза направија трансфери кои би требало да им помогнат во обидот да стигнат до завршницата на натпреварувањето.

Сезонава во Лигата на Европа повторно ќе учествува и Еурофарм Пелистер и ќе ја бара својата шанса за добар резултат. За таа цел битолскиот тим донесе неколку засилувања, а токму едно се најде на листата од ТОП 10 засилувања во Лигара на Европа.

Во Еурофарм Пелистер пристигна унгарскиот голман Мартон Секељ од екипата на Веспрем, иако вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Порто. Секељ имаше голема конкиреција во Веспрем во Цупара и Коралес па многу малку добиваше шанса да ги покаже своите квалитети.

Тој има 31 година и одлучи да направи нов чекор во кариерата и да пристигне во Битола. Веднаш на првите натпревари го потврди својот квалитет и на турнирот во Струга беше прогласен за најдобар голман. Со тренер на клупата како Бабиќ кој му верува потполно, нема причина зошто да не блесне и во Лигата на Европа.

ТОП 10 ТРАНСФЕРИ ВО ЛИГАТА НА ЕВРОПА

10. ЛЕОНАРДО ДУТРА – ВО ЛА РИОХА ОД ВИСЛА ПЛОЦК

9. МАРТОН СЕКЕЉ – ВО ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ОД ВЕСПРЕМ

8. РОМАН ЛАГАРД – ВО ЕКС АН ПРОВАНС ОД РАЈН НЕКАР

7. ВИРАН МОРОС – ВО ФУКСЕ БЕРЛИН ОД ПСЖ

6. НИКОЛАЈ МАРКУСЕН – ВО ХОЛСТЕБРО ОД ВЕСПРЕМ

5. ПЕДРО ПОРТЕЛА – ВО НАНТ ОД СПОРТИНГ

4. ЏЕРИ ТОЛБРИНГ – ВО ГОГ ОД РАЈН НЕКАР

3. МАГНУС САУПСТРУП – ВО МАГДЕБУРГ ОД АЛБОРГ

2. ДМИРТИ ЖИТНИКОВ – ВО ВИСЛА ПЛОЦК ОД ПИК СЕГЕД

  1. РОЖЕРИО МОРАЕС – ВО БЕНФИК ОД ВЕСПРЕМ