Турнирот „Миле Нешкоски“ со пет македонски и една екипа од странство

Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ по една година пауза повторно се враќа на сцената и ќе се одржи пред стартот на новата сезона.

Од 31 август од 2 септември, салата „Р.Р.Ричко“ во Прилеп, ќе биде домаќин на пет македонски и една екипа од странство.

Покрај домаќинот Прилеп, ќе настапат суперлигашите Тиквеш, Струга, Еурофарм Пелистер 2, прволигашот Голден Арт, како и српскиот тим Дубочица Лесковац.

Составот на двете групи и комплетниот распоред со саатници ќе биде дополнителен познат.

За македонските екипи овој турнир ќе биде последна проверка пред стартот на новата сезона, кој е закажан за 8/9 септември.