Тројца заразени од коронавирусот, тренинзите прекинати, откажани сите натпревари

После дознавањето на позитивните наоди на тестовите за коронавирусот тројца ракометари на тимот на Дунареа од Романија ги прекина тренинзите и во следниот период нама да се работи. Ситуацијата е алармантна, а тројцата позитивни ракометари се Влад Русу, Драгош Ханцару и Виктор Вартик.

Сите играчи биле тестирани пред почетокот на подготовките, но наодите биле негативни. Ова, сепак, не било и крај на проблемите бидејќи дел од нив се почувствуале лошо.

„Сите ги поминавме тестовите за Ковид19 и резултатите беа негативни. Сепак, за време на тренингот, Влад Русу се почувствува лошо. Веднаш го испративме дома. Тој не тренираше со нас во вторникот и беше изолиран и мораше да ги следи правилата. Ханцару исто така е болен, но кај него симптомите се појавија два дена подоцна. Денеска истото се случи и со Вартик. Направивме нови тестови, а овие тројца беа позитивни на нив“, вели тренерот Габриел Арманд за романскиот проспорт.

Поради ова екипата ги прекина тренинзите и нема да работи во следниот период. Во изолација е и претседателот на клубот, а мораше да бидат откажани и сите претсезонски натпревари.