Трилер натпревар во Оран, Македонија промаши пенал за победа против Алжир!

Машката репрезентација на Македонија освои бод против домаќинот Алжир, откако одигра 24-24 во вториот натпревар од групната фаза на Медитеранските игри. Иако губеше со 24-22, Македонија имаше шанса во последните секунди од пенал да дојде до победа, но сепак Џонов не реализираше.

Голманот Гогов врза тр одбрани, па нашите ракометари веднаш се одлепија со водство од 1-4. Имавме шанса и за плус четири, но домашните се одбранија. Потоа Алжир намали на 3-4 и во првите дваесетина минути одржуваме предноста од еден или два гола.

Наим израмни на 9-9 и потоа почна играта гол за гол, а Алжир првпат поведе со 14-13 преку Џедид. Македонија преку Павле Атанасијевиќ израмни, но Серафимов промашии пенал и на пауза се замина со нерешени 15-15.

Алжирците погодија три пати во серија на стартот на вториот дел за највисоки плус три, 18-15, а постот од седум минути без гол на Македонија го прекина Џонов. Потоа домашните на два пати згрешија, а Ѓоргиев со двата гола донесе реми, 18-18.

Искусниот Петров погоди во следниот напад, Кизиќ влезе во серија и запре пенал, а Серафимов на спротивната страна погоди во голот на Гедбан и Македонија беше на плус три, 19-22 на десетина минути до крајот.

Алжир намали на 20-22, имаше шанса и за минус еден, но Кизиќ одбрани зицер. Сепак во продолжение Македонија згреши два пати во нападот и домашните тоа го казија со два гола по ред зз 22-22, кога имаше да се игра уште пет минути.

Серафимов не погоди пенал, но затоа Алжир искористи една наша грешка и се одлепи на плус два, 24-22. Петров изнуди пенал, кој го реализира Џонов. Домашните направија пробивање и Митев ги казни со гол за реми, 24-24 пред стартоот на последната минута.

Кизиќ запре уште еден удар и останаа уште триесетина минути за гол на Македонија. Хелал направи груб старт за црвен картон, а пенал за нашиот состав, но Џонов не го реализира односно Гедбан му го одбрани ударот и мечот заврши реми, 24-24.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Серафимов со пет гола, а по три дадоа Џонов, Митев, Јагуриновски и Ѓоргиев. Утре е пауза, а задутре Македонија ја очекува двобој со Турција.