Трето засилување за Струга, потпиша Славиша Димитријески

Екипата на Струга во последните денови од преодниот рок дојде до ново име и ќе се обиде со новите засилувања да се избори за опстанок во Супер машката лига иако ќе биде максимално тешко.

Стружани го ангажираа поранешниот ракометар на МРК Вардар, Пролет, Куманово, Зомимак, Охрид… Славиша Димитријески. Се работи за искусен ракометар кој долго игра во Супер лигата, па ќе биде од голема помош за Струга во плеј-аут лигата.

Димитријески доаѓа како трето засилување откако претходно во тимот дојде високиот ракометар од Црна Гора, Самид Мекиќ и играчот од Прилеп, Пеце Рајатоски.