Тренер на германски клуб кришум ги снимал ракометарките во соблекувалната!

На почетокот на оваа година, Германија ја потресе голем скандал, откако се дозна дека во една од соблекувалните на женскиот клуб Мецинген имало поставено камери.

За потсетување, во текот на месец јануари, 2022, две ракометарки на Мецинген откриле скриени камери во својата соблекувална.

Полицијата веднаш реагирала по добиената пријава од страна на челниците на клубот и по направената истрага, осомничено било едно лице, кое што работело во бундеслигашот.

Иако во тамошните медиуми не се откриваше идентитетот на сторителот, поради тековната полициска истрага, ракометарката од Шведска, Тес Корнел, која минатата сезона настапуваше за германскиот клуб, во интервју за шведскиот портал „ГП“ зборуваше за непријатниот настан, за кој информираше и CNN, и изјави дека главниот тренер на екипата, Ференц Рот бил осомничен за стореното дело.

,Нашиот спортски менаџер ни кажа дека довчерашниот тренер на екипата ги поставил камерите. Играчите останаа шокирана по добиената вест. Тоа беше многу тешка ситуација за клубот. Осомничениот тренер сѐ уште не е осуден за кривично дело. Бевме блиски со целиот стручен штаб, а тренерот на некои играчи им беше и како пријател. Тоа беше причина зошто многумина се чувствуваа многу повредени”, изјави Корнел за „ГП“.