Тренерот на Кил, Филип Јиха пред десет години беше најефикасен

Стратегот на Кил, Филип Јиха во својата кариера долго го носеше дресот на „зебрите“. Тој беше еден од најдобрите поединци на Кил во минатото и секогаш играч од кој се очекуваа многу голови.

Пред десет години тој беше најефикасниот играч на Кил во победата од 33:23 на мечот кој беше одигран во салата во СЦ „Борис Трајковски“. На таа средба Јиха успеа да постигне девет гола со кои беше далеку пред другите колеги во тимот.

Од составот кој тогаш играше за Кил во Скопје денеска ќе биде само еден играч. Се работи за пивотот Хендрик Пекелер кој тогаш како 18-годишно момче беше дел од таборот на Кил. Што се однесува до Вардар од тој тим нема ниту еден ракометар. Има голем број на активни играчи, но сите се по други клубови.