Тренерот на Барса зачуден од ЕХФ: Каков ќе биде тој турнир во декември, некои ќе играат против своите

Екипата на Барселона како првопласирана во својата група сезонава во Лигата на шампионите обезбеди директен пласман во четврт-финалето, но поради коронавирусот и мерките кои беа преземени, после одлуката на ЕХФ доби директно место на Ф4 во декември.

Сега работите ќе бидат поинакви бидејќи дел од играчите ќе направат трансфери што значи дека ќе играат за новите тимови и составите нема да бидат како оние сезонава и ќе има доста измени.

Ова наиде на реакција на тренерот на Барселона, Хавиер Пасквал кој смета дека одлуката не е целосно во спортскиот дух.

„Навистина не ја разбирам одлуката за одржување на натпревари во декември. Навистина е чудно да се игра Ф4 турнир во деновите кога обично е пауза од клупски натпревари. Некои од ракометарите ќе мора да играат против својот поранешен тим. Ова ќе биде навистина чуден Ф4 турнир во Келн. Оваа одлука не е толку од спортски принцип“, вели тренерот на Барселона, Хавиер Пасквал.

Тој говори и за најавите дека ветеранот во тимот на Барселона, Раул Ентрериос би можел да игра уште една сезона.

„Што се однесува до Раул Ентрериос, за него ќе треба да почекаме за конечната одлука. Во моментов не можам со целосна сигурност да кажам дали тој ќе продолжи да игра, но постои опција“, изјави Пасквал.

Инаку, Барселона на Ф4 турнирот ќе учествува заедно со тимовите на ПСЖ, Кил и Веспрем, а истиот ќе се игра во последниот викенд од декември.