Трајкоски останува на голот на Еурофарм Пелистер и во новата сезона

Голманот кој во во 2017 година беше дел од Мундијалот во Франција како репрезентативец на Македонија останува и во следната сезона дел од тимот на Еурофарм Пелистер. Благојче Трајкоски се согласи на верност кон клубот за кој бранеше во последните сезони и ќе се обиде да продолжи со борбата за минутажа во овој тим.

Зад себе има додбра кариера во која бранеше за неколку домашни екипи, а во Еурофарм Пелистер имаше и добри партии. Се работи за играч кој има 33 години и кој е приклучи на играчите кои ја продолжија верноста кон тимот од Битола.

Претходно договорите ги продолжија и Марин Вегар, Елмир Граџан, Милан Ѓукиќ и Милорад Кукоски. Покрај тоа тимот донесе неколку засилувања така што ќе има сосема нов лик бидејќи од него си заминаа седум ракометари.

Инаку, Трајкоски останува во клубот заедно со Чаневски, а останува да се види кој голман ќе биде замена за Никола Митревски кој го напушти клубот.