Трајковски и Чурлевски му донесоа триумф на СИФ

Тимот на Сјундеа ИФ ја забележа првата победа во новата сезона од финскиот шампионат.

Најзаслужни за триумфот на „зелено-жолтите“ над АИФК со 29-27, беа македонските интернационалци Игор Трајковски и Филип Чурлевски.

Трајковски покрај стандардната одлична игра во одбраната, беше стрелец на четири погодоци и заработи едно исклучување, а Чурлевски погоди три пати.

Македонски голмански двобој имаше на дуелот меѓу ХИФК и Кокс, кој го добија гостите со 27-35. Мартин Јовановски имаше 14 одбрани и 2 гола за ХИФК, додека Јоаким Анѓеловски не доби шанса да брани за Кокс.