Трансфер од соништата за Мрква – потпиша двегодишен договор со Кил

Поранешниот европски првак, Кил за следната сезона реши да го ангажира голамнот на репрезентацијата на Чешка, Томаш Мрква. Денес, Кил преку клупската страна официјално ја потврди информацијата за неговото доаѓање во екипата. Тој е првото засилувања на „зебрите“ за сезона 2022/2023.

Чешкиот голман ќе му се придружи на Никлас Ландин на голманската позиција и заедно ќе го претставуваат голманското дуо на Кил. Неговиот договор со екипата на Кил има важност од две години.

Мрква моментално настапува во Бундес лигата и го брани голот на Бергишер. Во последните две сезони покажа одлични партии кои беа главна причина да биде следен од страна на раководството на Кил, но и конечно ангажиран од нивна страна.

Својата кариера ја започна во Бањик, а од 2010 година настапува низ Германија. Репрезентативната кариера ја започна на 20 годишна возраст. За репрезентацијата на Чешка има забележано 129 официјални натпревари на големите натпреварувања.