ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Tалески доби шпанско друштво, Партизан купуваше од Ѕвезда, Храпковски останува во Магдебург…

  • Романскиот Бузау по потписот на Аиденас Малашинскас и Михајло Митиќ, објави дека нови ракометари се екс играчот на Адемар Леон, Кокс, Рамат Хашарон – левиот бек Иван Мошиќ и голманот од Мотор Запорожје – Генадиј Комок.
  • По заминувањето на Андреј Трнавац во Војводина, тимот на Партизан ја засили голманската позиција со Димитрије Јелиќ, кој минатата сезона ја мина во вечниот ривал Црвена Ѕвезда.
  • Полскиот интернационалец Пјотр Храпковски иако требаше да замине од европскиот првак Магдебург ова лето, сепак поради повредите на дел од ракометарите, Храпковски доби договор на уште една сезона.
  • Шпанскиот репрезентативец Мигел Санчез Мигаљон е нов ракометар на Бенфика. Левото крило, кој игра и како лев бек, но најдобро се снаоѓа како дефанзивец последните три сезони ги мина во Келце, а сега му стана соиграч на Филип Талески во Лисабон.
  • Косовскиот првак Беса се засили со молдавскиот лев бек Игор Кисељов, кој минатата сезона беше дел од историскиот прв ракометен шампионат во Индија. Претходно Кисељов има играно во Русија, Словачка, Франција, Турција, Израел…