ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Хорачек во Нант, сехалигашот Зенит носи лев бек, ЧСМ Букурешт не менува тренер

  • Француската репрезентативка Тамара Хорачек, која беше дел од ЕП во Македонија, од следното лето ќе има нов клуб. Мец ќе го замени со Нант, со кој потпиша договор на три сезони до 2026 година.
  • ЧСМ Букурешт нема да менува на тренерската позиција, откако стратегот Адријан Василе го продолжи договорот и за наредната сезона, а со него останува и асистентот Јулија Цуреа.
  • Францускиот вицепрвак Брест Бретањ објави дека е продолжена соработката со десното крило Алисија Тублан. Таа настапува во Брест од 2015 година, а сега го продолжи договорот до 2024 година.
  • Бундеслигашот Гепинген по лошиот старт на новата сезона реши да се раздели со досегашниот трнер Хартмут Мајерхофер, а на негово место доаѓа прославениот германски репрезентативец Маркус Баур.
  • Романскиот шампион ЧСМ Букурешт веќе го договори првото засилување за новата сезона. Станува збор за средниот бек Андреа Ротару, која доаѓа од Глорија Бузау и најверојатно уште во јануари ќе му се приклучи на новиот тим.
  • Според рускиот „Брз Центар“, сехалигашот Зенит донесе нов лев бек во составот. Станува збор за белорускиот интернационалец Андреј Климовец, кој минатите две сезони беше дел од Чеховски Медведи и ЦСКА Москва.
  • Прославениот шведски репрезентативец Матијас Закрисон ќе има нова улога во иднина. По завршувањето на играчката кариера, тој работеше како асистент во тимот на Гуиф, а сега стана спортски директор на тимот на Вестерас.