ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Стјепановиќ во Мешков Брест, Живковиќ си оди од АЕК, Томашевиќ продолжи со ПАОК

  • Поранешниот десен бек на Еурофарм Пелистер, Невен Стјепановиќ, потпиша договор на една сезона со белорускиот првак Мешков Брест, со можност тој да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.
  • Српскиот интернационалец Немања Живковиќ по една сезона заминува од шампионот на јужниот сосед на Македонија, АЕК Атина. Некогашното десно крило на Партизан ќе има нов клуб од ова лето.
  • Поранешната српска репрезентативка Катарина Томашевиќ, откако му се врати на ракометот минатата сезона по кратката пауза, реши да ја продолжи кариера и ќе остане и следната сезона во ПАОК од Солун.
  • Руската интернационалка Јулија Хавроњина, по осум сезони играње во странство и во клубови од Турција, Романија, Израел…се враќа дома и ќе игра за Черноморочка. Таа минатата сезона беше дел од Макаби Аразим Рамат Ган.
  • Белорускиот чувар на мрежата Игор Черников, кој во минатата сезона беше дел од Динамо Астрахан, во новата сезона ќе ги брани боите на амбициозниот Зенит од Санкт Петербург.