Финскиот Рихимаки Кокс објави дека е потпишана соработка со 25-годишниот среден бек од Босна и Херцеговина, Кемал Хамзиќ. Тој доаѓа од шпанската Гвадалахара, а претходно има играно во Коњух Живинице.
Францускиот ветеран Седрик Сорендо, иако беше најавено дека ќе ја заврши кариерата, сепак ќе продолжи да игра најмалку една сезона. Сорендо потпиша нов едногодишен договор со романскиот првак Динамо Букурешт.
Спортинг Лисабон се засили со 20-годишниот Жоао Гомеш, кој настапува на средната бековска позиција. Гомеш претходно беше дел од Агуаш Санташ, за кој имаше одлични партии минатата сезона.
Третопласираниот тим од Португалија, Бенфика, по Филип Талески го промовираше новото засилување, а тоа е средниот бек од Агуаш Санташ, 21-годишниот Руи Баптиста.
Романскиот тим Крајова се пофали со потписот на шпанската репрезентативна голманка Дарли Зогби Де Паула. Таа последниот период бранеше во францускиот Брест, а во Крајова ќе ја замени Јована Рисовиќ, која ја чека долга пауза.