Пикерот на Мешков Брест, Вјачеслав Шумак, го продолжи договорот со белорускиот првак за уште две сезони. Тој е еден од најдобрите стрелци во историјата на овој клуб по Андреј Мочалов (1396), Максим Баранов (1229) и Констанин Куриленко (944).
32-годишната Мари Пол Набоју, која настапува на десната бековска позиција во тимот на Тулон, во новата сезона ќе ги брани боите на Ница, која пак е предводена од македонскиот стратег Марјан Колев.
Израелскиот десен бек Даниел Мосинди заминува од бундеслигашот Ерланген и од лето ќе ги брани боите на францускиот второлигаш Саран. Тој не можеше да се избори за голема минутажа покрај Шиме Ивиќ и Антонио Мецнер.
Рускиот првак Ростов Дон по Едуарда Аморим Талеска, за следната сезона ја ангажираше и втората ракометарка од Ѓер, Беатрис Едвиж. Француската репрезентативка се обврза на двегодишна верност.
Португалскиот Спортинг Лисабон би требало да биде следната дестинација на пикерот Даниел Андреев. Членот на германскиот Вилхемсхафенер, до лани беше дел од белорускиот првак Мешков Брест.
Францускиот Истр, каде до скоро играше вардарецот Васко Шеваљевиќ, објави две засилувања за следната сезона. Станува збор за Самуел Онрубиа, кој доаѓа од Екс ан Прованс, а претходно играше за ПСЖ, како и Алжирецот Месад Беркус, кој доаѓа од ГС Петролиер.